АДРЕНАЛИНСКИОТ ПАРК ВО КРУШЕВО: Предизвик за целото семејство!

Рекреација, чист водух, незаборавни доживувања. Ништо не го поврзува семејството како што тоа го прави заедничката авантура.

Токму авантурата, доживеана во безбедна средина и прекрасна природа, е она што на посетителите им го нуди адреналинскиот парк  Panorama All Seasons Adventure во Крушево.

Сместен во еден од најживописните предели на Македонија,  паркот нуди рекреативни содржини во кои уживаат трагачите по возбуда од најразлични возрасти.

Некои го избираат најголемиот роуп лајн во земјата, лавиринт од патеки направени од јажиња поставени помеѓу дрвјата на крушевската корија.

Планинарите не ја пропуштаат и вештачката карпа од 15 метри, додека зависниците од адреналин обожуваат да се спуштаат по зип лајн долг 150 метри.

Забавата е гарантирана и со троколките за возење по скијачките терени.

Патеките за  планински велосипедизам, направени од светски професионалници, нудат незаборавни моменти низ крушевската  корија.

Со други зборови секој што сака врвна рекреација на отворено истата ќе ја најде во адреналинскиот парк што се протега на 3000 квадратни метри и е дизајниран за безбедно уживање од страна на целото семејство.

Неслучајно токму тука, во јули 2023, ќе се одржи најголемата извидничка смотра во земјата, со над 2000 извидници од земјата и регионот.

Погледнете дел од активностите на извидниците во Panorama All Seasons Adventure на видеото, а потоа букирајте ја вашата семејна авантура во Panorama All Seasons Adventure.


*пр-објава