Спорт // Спорт
Академија Пандев остана без тренер, Ѓорѓе Стојчев и клубот од Струмица ја завршија соработката
Академија Пандев и Ѓорѓе Стојчев се разделија, ова доаѓа по поразот од Струга на стадионот „Младост“.
Стојчев дојде во Академија Пандев по заминувањето на Александар Васоски, и обезбеди настап во квалификациите за Конференциската лига.
Академија Пандев дома загуби на три од четири меча, а победи само против Скопје. Тимот го напуштија многу играчи пред почетокот на сезоната, Мартинага, Маронг, Пепи Ѓорѓиев …
Академија Пандев му забалгодари на Ѓорѓе Стојчев за соработката.