Академија Пандев се засили во одбраната со играч од Аргентина

Федерико Акоста е нов играч на Академија Пандев, аргентинскиот централен бек ја засили одбраната на тимот од Струмица.

Акоста доаѓа од Бавено, клуб од пониските лиги на Италија, а има настапувано и за   Бока Гибралтар, Памесе...

Академија Пандев утре во рамки на 5. коло се среќава со Скопје, средбата се игра од 16 часот, прашање е дали Ѓорѓе Стојчев ќе го стави во игра 185 сантиметри високиот дефанзивец во игра.