АКО ГО ИМАТЕ ОВА НА ВОЗИЛОТО, ВЕДНАШ ОТСТРАНЕТЕ ГО: Троши гориво без никаква причина!

Дури и празен кровен носач може да го зголеми вашиот трошок за гориво за до 15%.

 Затоа, експертите советуваат кровните кутии и носачи да се отстранат кога не се користат. 

Една кровна кутија обично тежи од 15 до 20 килограми, го зголемува отпорот на воздухот и може да ја зголеми потрошувачката за до два литра на 100 километри.

Автомобилите се дизајнирани за максимална аеродинамична ефикасност без дополнителни елементи на покривот. 

Додавањето носачи или кутија ја зголемува „челната“ површина и негативно влијае на протокот на воздух, што резултира со повисока потрошувачка на гориво.

Една студија покажала дека во екстремни случаи, кровните кутии можат да ја зголемат потрошувачката и до 50%, иако најчесто тоа е од 10 до 25%. Додатната тежина и отпорот, особено при поголеми брзини, ја влошуваат ситуацијата.

Истражување за носачи за велосипеди открило дека со нив, автомобилот троши околу 10% повеќе гориво на 100 километри, а со натоварени велосипеди на покривот – потрошувачката е за 25% поголема.

Советот е едноставен: ако не ви се неопходни, отстранете ги кровните носачи и кутии. Така ќе заштедите гориво, пари и ќе ја задржите ефикасноста на возилото.