„Ако Мек Грегор не го промени начинот на живот, од него нема да остане ништо“

Конор Мек Грегор е предупреден дека мора да го промени својот животен стил пред да се врати на УФЦ шампионатот ...

Како прв борец на УФЦ кој некогаш имал титули во две различни дивизии во исто време, Мек Грегор брзо прерасна во мегаѕвезда поради неговите убиствени изведби и дивиот, напреден пристап кон натпреварите. Иако останува масивна машина за правење пари и најголемото злато во шампионатот на УФЦ, Ирецот загуби три од последните четири натпревари во октагонот.

Неговиот последен пораз беше во трилогичен меч со Дастин Поири, кога ја скрши ногата во првото коло, во Т-Мобиле Арената. Бројни експерти сметаат дека нивото на изведба на славниот Мек значително паднало и дека го изгубил фокусот поради статусот на суперѕвезда. Џорџ Сент Пјер, еден од најголемите УФЦ борци на сите времиња, смета дека Мек Грегор мора да направи неколку промени во животот кога ќе се врати следната година.

„Конор Мек Грегор сега е на надолна траекторија“, изјави за „Спорф“ поранешниот шампион во полусредна и средна категорија. Беше многу голем на почетокот и ова го кажувам по статус и рангирање, не по пари и унапредувања. Сега полека оди надолу, неговиот настап е дно. Треба да промени некои работи во својот начин на живот“.

Мегрегор имаше успешна операција поради повредата и редовно ги известува своите фанови за неговата рехабилитација и напредок по враќањето на тренинзите. Ирецот неодамна преку платформата на Твитер ги сподели своите фотографии на кои изгледа како да е во форма, со малку повеќе мускули од претходно, заедно со својата поубава половина Де Девлин.


Мек Грегор верува дека ќе се врати во голем стил во текот на април следната година, а веќе се радува на следната борба. Ирецот веќе пројави голем интерес за борбата против Мајкл Чендлер, со неколку разменети твитови меѓу нив.