АКО САКАТЕ ЧИСТ ВОЗДУХ, ПРЕСЕЛЕТЕ СЕ ТАМУ: Топ 10 метрополи со најчист воздух во светот
Неодамнешните студии на Светската здравствена организација покажуваат дека загадувањето на воздухот е поголема закана од вирусите ХИВ и Ебола. Тие се и причина за смртта на над 1 милион деца во светот секоја година.
Главниот град на Саудиска Арабија, Ријад е најзагаден во светот, следен од Делхи и Доха, Катар, покажуваат податоците. Тука негде се и Македонските градови.
„The Australian Financial Review Magazine“ претставува топ 10 светски метрополи, кои се со најчист воздух во светот:
10. Мадрид, Шпанија
Градот има население над 3 милиони луѓе, трет по Лондон и Париз, но политиката на повеќе пешачки зони, достапен градски транспорт и географската локација на градот помагаат тој да се нареди меѓу најмалку загадените метрополи во светот.
9. Монако
Пзнат по казина и трките на Формула 1, градот-престолнина е еден од најчистите. Ова може да ви изгледа чудно поради бројни богати луѓе кои живеат таму и паркираат секој ден јахти и суперавтомобили, но е сама вистина. Според СЗО Азурниот град има многу ниска концентрација на загадување на воздухот - 2,5 PM (честички) што веројатно се должи на недостатокот на индустрија и малкуте жители околу 37 илјади.
8. Хелсинки, Финска
Финската престолнина започна иницијатива која има за цел до 2025 година да се елиминира потребата граѓаните да уживаат во своите автомобили. Властите сакаат да изработат толку добра транспортна мрежа дотолку што ќе направи потребата од автомобил да отпадне. Градот има 2.400 милји велосипедски патеки и одамна промовира зелена енергија и начин на живот.
7. Талин, Естонија
Со своите тесни калдрмни улици средновековната престолнина не била изградена за моторни возила. Возење околу древниот центар на градот е непрактично, што и до голем степен ги држи автомобилите далеку. Градот е исклучително богат со зелени површини, а и со крајбрежјето, кое го прави еден од најмалку загадените градови во светот.
6. Монтевидео, Уругвај
Покрај релативно чист воздух, туристите, кои одат во Монтевидео, ќе откријат една од најпознатите безгрижни престолнини на Јужна Америка. Градот е со малку повеќе од еден милион жители и е познат по своите песочни плажи, колонијална архитектура и лозја. Споредено со раздвижениот Буенос Аирес, Монтевидео е најчиста, позелена и порелаксирана алтернатива на аргентинската престолнина.
5. Единбург, Шкотска
Некогаш добро познат по мирисот на канализација и токсичен смог, изненадувачки е сега дека шкотскиот главен град влегува во листата за најчист воздух. И не само тоа, сега Единбург е најчиста европска престолнина.
4. Отава, Канада
Канаѓаните треба да му бидат благодарни на францускиот архитект, кој во 1950 година предвидува градот да биде заобиколен со зелен појас . Покрај тоа локалната администрација ги поттикнува жителите да не користат автомобили, кога учествуваат во заедничко патување. Исто така во градот има помалку од 900 илјади жители, што го прави еден од особено чистите во светот.
3. Канбера, Австралија
Главниот град на Австралиската унија има помалку од 400 илјади жители, што и дава предност во однос на другите пренаселени престолнини како Амстердам пример со 800 илјади луѓе кои живеат во неа. Иако се смета за многу здодевен град Канбера барем нема да ве убие со загадениот воздух.
2. Велингтон, Нов Зеланд
Со помалку од половина милион жители, крајбрежната престолнина е населеното место во Нов Зеланд со одличен свеж воздух и удобен живот. Сепак, изгледа дека воздухот ќе стане уште почист, бидејќи властите се одлучиле да започнат амбициозни програми за енергетска ефикасност и проекти за управување со отпад, кои ќе му помогнат на градот да ги намали своите емисии на CO2.
1. Стокхолм, Шведска
Стокхолм е првиот европски град, крунисан со титулата Европска зелена метропола во 2010 година. Сепак, шведската престолнина не лежи на стари ловорики и продолжува со своите зелени иницијативи и успешно ги намалува емисиите на јаглерод за 25 отсто од деведесеттите години.
Градот има за цел да биде слободен од фосилните горива до 2050 година, и се надева да се постигне оваа цел преку подобрување на јавниот транспорт, обработка на отпад и зголемување на биодиверзитетот, меѓу многу други работи. Во градот има и силна култура на велосипедизам, која разделила многу жители од автомобилите.