Ако вака пиете лекови, правите голема грешка: Што може да го поништи нивното дејство или да предизвика бурна реакција
Иако со секој лек добиваме упатства, ретко кој ги чита и применува
Многу честа грешка што ја прават многу луѓе во однос на конзумирањето на разни видови лекови е тоа што не ги читаат упатствата пред да ги користат.
Некои лекови не смеат да се конзумираат со други лекови, а има и одредени видови храна и пијалоци кои можат да предизвикаат контраиндикации или бурни реакции, но и да го анулираат дејството на активната супстанција.
Она што секој треба да го знае е фактот дека не е доволно само лекарот да ви каже како да дозирате лек. Дури и ако го пиете точно како што ви препишал, можеби правите друга грешка.
Една од најважните работи е како, кога и со што го земате лекот. Повеќето луѓе го почитуваат распоредот, но течноста со која го пијат лекот понекогаш може да биде причина за појава на контраиндикации или поништување на дејството на лекот. Треба да внимавате и на изборот на храна, бидејќи одредени лекови во упатството јасно е посочено дека, на пример, не смеат да се консумираат со млеко, а алкохолот е исклучен од речиси сите.
Општата препорака е секогаш да ги земате таблетите само со вода, затоа избегнувајте ги сите други течности. Друга важна работа е лекот да се пие со вода која е на собна температура, бидејќи кога лекот се зема во комбинација со ладен пијалок, потребно е долго време да се распадне.
Ова може да потрае и до 40 минути, што значи дека дури и цревата може да не го апсорбираат лекот правилно.
Истражувачите и експертите предупредуваат дека не треба да го пиете лекот со други пијалоци како замена за вода.
Кафето, млекото или соковите дефинитивно го забавуваат разградувањето на апчињата, затоа избегнувајте ги што е можно повеќе.
Извор: glossy.espreso.co.rs