Спорт // Спорт
Александар Трајковски нема да настапи за Македонија против Финска и Азербејџан
Македонија ја очекува дуел со Финска и Азербејџан, натпревари од пријателски карактер, а од таборот на македонската репрезентација информација дека Александар Трајковски нема да биде во комбинација.
Поради повреда на листот на ногата, Александар Трајковски нема да биде во можност да се стави на располагање на тимот за подготовките и натпреварите на македонската А репрезентација против Финска и Азербејџан во Скопје, информираше ФФМ.
Стручниот штаб дополнително ќе одлучи дали ќе прати повик до друг фудбалер како замена за повредениот Трајковски.