Алиоски: Уморни сме, но мора да веруваме во себе

Фудбалската репрезентација на Македонија денеска одработи тренинг на теренот на ФФМ, во четврток гостува Финска, три дена подоцна и Азербејџан на арената „Тодор Проески“ во Скопје.

Езгјан Алиоски смета дека сезоната е напорна, се чувствува заморот, но мора да се верува во себе и да се игра на победа.

„Уморни сме по сите натпревари кои ги одигравме  сезонава. Важно е да нема повреди. Овие пријателски натпревари ќе бидат како еден вид тренинг за нас. Секако дека сакаме да победиме. Важно ни е да обезбедиме добар резултат. Треба секогаш да даваме сè од себе. Знаеме какви квалитети поседуваме. Почит за сите кои доаѓаат да играат за репрезентацијата. Тоа е фудбалот, ние сакаме да го правиме тоа и затоа сме тука“, изјави левиот бек.

Со Финска играме в четврток од 18 часот, додека в недела со Азербејџан од 14 часот.

ВИДЕО: 

https://www.youtube.com/watch?v=c8ReA0_yXhw