Амазон доби зелено светло за испорака на пратки со дрон

Компанијата во август минатата година,  достави барање до ФАА, во кое се наведе дека ќе доставува пакети со тежина до 5 килограми со беспилотни летала, во области со мала густина на население.

Федералната администрација за воздухопловство на САД (FAA) го одобри барањето на Компанијата Амазон за дистрибуција на пакети со беспилотни летала „Prime Air“.

Гигантот Амазон со тестирање на беспилотните летала започна пред 7 години, односно  во 2013-тата.

Според компанијата, со овој начин на достава ќе се скрати времето на испорака во помалку населените места на 30 минути или помалку, пренесува Танјуг.

За да може беспилотно летало во САД „да носи нечиј имот за комерцијални цели“, компаниите мора да добијат соодветна потврда, која ФАА првично ја создаде за чартер на авиокомпанија, а подоцна ја прилагоди за беспилотни летала.

Амазон е трета компанија што го доби тој сертификат за испорака на беспилотни летала, откако Винг Авијација, подружница на Алфабета и УПС ги добија минатата година, но тие не применија значително за испорака на беспилотни летала.



Можеби ќе ве интересира:

Каков часовник носи Џеф Безос, најбогатиот човек на светот?