Американската кардиолошка асоцијација ја повлече научната студија каде беше потенциран ризикот од употребата на електронски цигари

Американското здружение на кардиолози (ЈАХА) ја повлече научната студија каде беше потенцирано дека употребата на електронски цигари е директно поврзана со ризикот од срцев удар. Студијата беше повлечена поради недостиг на сигурност во резултатите од истражувањето, објави списанието на здружението

Уредниците стручното списание на Американското здружение на кардиолози (ЈАХА) објавија белешка со којашто се повлекува студијата, чиј автор е д-р Стентон Гленк, професор по медицина и директор на Центарот за истражување и образование на контрола на тутун на Универзитетот во Калифорнија, Сан Франциско. Според белешката, студијата е потенцијално базирана на погрешни резултати од истражувањето, како и дека не биле земени предвид клучните информации од базата на податоци за Студии за тутун и здравствена анализа на населението во САД.

„Постојат сè поголеми докази дека научно одобрените производи што се во легална продажба  и коишто не согоруваат, како што се е-цигарите и производите базирани на загревање на тутунот, иако не се целосно без ризик, се многу подобра алтернатива од цигарите за луѓето кои инаку би продолжиле да пушат“, се наведува во објаснувањето.

Во него се додава дека овие докази се потврдуваат и од голем број независни студии и заклучоци од водечки стручни организации, како што се Управата за храна и лекови на САД, Англиската агенција за јавно здравје и Кралскиот медицински колеџ во Австралија.

Во последниве години, сé повеќе се менуваат „застарените“ закони и се прави раздвојување на категориите на производи без чад во однос со цигарите поради нивната различна природа и потенцијалот што го имаат во однос со јавното здравје, во споредба со пушењето. Таков е случајот во Америка, Велика Британија, Италија и Португалија, додека други земји, како Нов Зеланд и Грција, исто така најавија чекори во оваа насока.

Друга студија на д-р Ауер и други, предизвика големо внимание и ја доведе јавноста до погрешен заклучок во врска со намалувањето на потенцијалниот ризик од IQOS производи за загревање на тутунот.

Во написот на „Дејли меил“ се вели дека „IQOS произведува повеќе токсини отколку што првично се мислеше“, а Филип Морис Интернешнл, производителот на IQOS, ја критикуваше методологијата и заклучоците од оваа студија.

Во заклучоците, при прегледот на доказите за овој производ, Управата за храна и лекови на САД одлучи да не ја разгледа оваа студија, изјавувајќи дека „објавените податоци не се сметаат за соодветни за да се споредат нивоата на HPHC помеѓу производите на IQOS и цигарите што согоруваат “.

„Во студијата на Ауер постојат значителни аналитички проблеми, како што се недостиг на тестирни референтни примероци, мал број повторувања и недостиг на селективност за некои аналитички методи. За разлика од тоа, не утврдивме специфични проблеми со методите на кандидатите", оцени тогаш компанијата Филип Морис.

Одлуката една од водечките научни публикации да ја демантира студијата каде употребата на електронските цигари се доведува во врска со инфарктот на миокардот, беше поддржана и од Националниот институт за здравство, каде се наведува дека ваква постапка „може да помогне да се избегне потенцијалната штета на полето на науката, потрошените ресурси, пациентите, доколку тоа се направи навреме. “

„Оваа ситуација само го потврдува она што го тврдам подолго време, дека помеѓу истражувачите во областа на контрола на тутунот постои голема пристрасност против електронските цигари што доведе до ова фијаско“, изјави професорот за јавно здравје на Универзитетот во Бостон, Мајкл Сигал.

Барањето оваа публикација да се објави во демант на студијата, објавена во јуни минатата година, беше прво побарано од Дејвид Абрамс, професор на универзитетот во Њујорк и поранешен директор на Одделот за бихејвиорални и општетствени науки на Националниот институт за здравство, заедно со група од 16 академици , научници и други професионалци за јавно здравје.

Абрамс  подготвува и писма до Секторот за интегритет на истражувања на Националниот институт за здравство и до претседателот на Универзитетот во Калифорнија, Сан Франциско, барајќи истрага и други истражувања на Гленк.

Извор:https://beta.rs/vesti/vesti-drustvo/123905-americka-kardioloska-asocijacija-dovodi-u-sumnju-rezultate-istrazivanja-o-elektronskim-cigaretama