Amnesty International: Русија можеби полека го убива Навални

Критичарот на Кремљ, Алексеј Навални е приведен во услови слични на тортура и може да биде убиен полека, соопшти во средата групата за човекови права Амнести Интернешнл.

Организацијата тврди дека притвореникот Навални, кој беше отруен од воен отров минатата година, сега страда од недостаток на сон и дека во затворот нема доктор на кој може да му верува.

„Јасно е дека ги кршат неговите права“

„Русија, или поточно руските власти, можеби го ставаат Навални во ситуација на бавна смрт и се обидуваат да го прикријат она што всушност му се случува“, изјави за Ројтерс генералниот секретар на Амнести Интернешнл, Агнес Каламард.

„Јасно е дека руските власти ги кршат неговите права. Треба да сториме повеќе“, рече таа. „(Тие) веќе се обидоа да го убијат, сега го приведуваат и го држат во затворски услови слични на тортура“, тврди таа.

Лидерот на руската опозиција и противник на рускиот претседател Владимир Путин започна штрајк со глад минатата недела, барајќи да добие соодветна медицинска нега во затворот, кога имашеакутни болки во грбот и нозете.

Кремљ одби да го коментира здравјето на Навални, велејќи дека тоа е работа на државната затворска служба. Таа служба минатата недела рече дека Навални го добива потребниот третман.

Во затвор од февруари

Навални беше затворен во февруари оваа година и беше осуден на две и пол години затвор за кршење на условна казна. Москва, која ги отфрли обвинувањата за труење, смета дека целта на политичката акција на Навални е дестабилизација на Русија.

Каламард рече дека лошиот третман на Навални се случи во време кога пандемијата на коронавирусите ги влошува социјалните нееднаквости и ја зголемува државната репресија во некои земји.

Тој тврди дека некои влади ја инструментализирале пандемијата против малцински групи за да ги смират неистомислениците и човековите права, додека други земји забележале нормализирање на анти-епидемиските мерки со кои се ограничени граѓанските слободи.

„Ковид-19 ја прошири репресијата“, рече Каламард.


Извор: indeh.hr

Фото: Инстаграм/navalny