Анчелоти оптимист: Кога ќе ги видам лицата на моите играчи, знам дека можеме да победиме

 Карло Анчелоти е позитивно расположен пред финалето во Лигата на шампионите, вечерва во Париз се игра завршниот меч во елитното натпреварување.

Реал Мадрид - Ливепрул, дуел за најпрестижната клупска титула, Анчелото на  прес-конференцијата  изјави дека неговиот тим е расположен, играчите мотивирани, тоа му два за право да верува во успех против тимот на Јирген Клоп. 

„Многу уживав оваа година со овие играчи во Реал. Јас знам дека  ќе бидам нервозен на финалето, но тоа е нормално, тоа се такви натпревари. Но, кога ќе ги погледнам лицата на играчите, тие зрачат со  самоувереност, мојата  нервозата исчезнува. Од Ливерпул очекувам  да игра интензивно, имаат неверојатен индивидуален квалитет“, рече  Анчелоти.

Дуелот меѓу Реал и Ливерпул се игра од 21 часот.