Андреа вежба на крајно невкусно место: Прави склекови на гробишта - вели дека мртвите не ѝ пречат, а има и следбеници
Бразилскиот фитнес модел Андреа Саншајн сака да вежба, а судејќи по фотографиите кои ги објавува на Инстаграм, тоа не подразбира теретана
Жената направила необичен, за многумина бизарен потег, со надеж дека, како што вели, „ќе ги инспирира другите да ѝ се придружат и ќе ја разбие стигмата за тренинзите на необични места“.
Андреа им откри на своите фанови, а ги има повеќе од 500.000, дека и здосадило да тренира во теретана и дека „мртвите не ѝ пречат“:
„Уморна сум од малтретирање во теретана бидејќи сум убава и имам мускулесто тело“. Ме избркаа поради облеката што ја носам. Сега одам во теретана само кога е целосно празна. Инаку одам на гробишта и вежбам со душа.
Таа неодамна објави фотографии од групниот тренинг, и вели дека гробиштата се „идеални за физичка активност бидејќи носат мир и спокојство.“ Ваквиот тренинг ми дава чувство на мир што не можам да го најдам никаде на друго место. Тоа е место каде што се поврзуваме со природата, им оддаваме почит на починатите, а се грижиме и за сопственото здравје, пренесува „Б92“.
Андреа истакнува дека е возбудена, и тврди дека и други ѝ се придружуваат на „необично патување и надминување на предрасудите“.
Луѓето ја осудија за бизарно однесување
Таа вели дека добила многу пораки за поддршка и сака нејзината иницијатива да продолжи да расте.
Од друга страна, има луѓе кои не го поддржуваат ваквото однесување.
„Ова е недостаток на почит, да бевте на гробот на мојата сакана личност, ќе ве тужев“, напиша еден корисник на Инстаграм.
Друг додаде: „Почитувајте го светото место, каде почиваат телата на најблиските, чекајќи го конечниот суд . Се практикува во спортски сали или на јавни места за таква цел, без да се наруши светото! Би рекол дека ова е блиску до кривично дело“.
FOTO: PRINTSCREEN
(Izvor: Espreso/Blic)