Арена спорт каналите прв избор за квалитетно спортско уживање на повеќе од 4 милиони домаќинства
Спортот и големите спортски настани се едни од најголемите поводи за радости и за дружба. Ништо не може да го замени чувство на еден вистински љубител на спортот да се најде на полни трибини. Но, нешто најблиску до тоа е да се следи квалитетен пренос од возбудлив спортски натпревар.
Кога станува збор за спортските преноси, бројките за гледаност покажуваат дека Арена спорт каналите, кои се во сопственост на Телеком Србија групацијата, се најчест избор на спортските љубители.
Повеќе од 4 милиони домаќинства ширум земјите каде се достапни ги имаат во своите телевизиски пакети и редовно ги следат програмите на Арена спорт каналите.
Секако тоа се должи на фактот што Арена ги има ексклузивните права за пренос на најквалитетни фудбалски, кошаркарски, ракометни и останатите спортски натпреварувања и настани.
Медиумската куќа Арена Чанелс Груп според последните информации ги има прават за Лига на шампиони, Лига на нации, Лига Европа, правата да ги пренесува квалификациските натпревари за Светското првенство 2026, како и за претстојните Европски првенства во 2024 и 2028 година.
Покрај елитните лиги и натпреварувања од светот, на Арена каналите се пренесуваат и натпреварите од Првата македонска фудбалска лига, како и АБА 2 каде се натпреварува македонскиот кошаркарски шампион, МЗТ Скопје.
Арена спортските канали за македонските љубители на спортски програми се достапни и преку пакетите на сателитската телевизија на МТЕЛ, членка на Телеком Србија групацијата.
*Пр објава