Арнаутовиќ казнет од УЕФА откако го пцуеше Алиоски
Европската куќа на фудбалот УЕФА одлучи да го суспендира фудбалерот на Австрија, Марко Арнаутовиќ, со еден натпревар суспензија за погрдните зборови кон македонскиот репрезентативец Езгијан Алиоски во неделниот натпревар од Европското фудбалско првенство што се играше во Букурешт. Тоа значи дека напаѓачот го го пропушти следниот меч против Холандија.
„Во случајот во кој Марко Арнаутовиќ е обвинет за навреди упатени кон друг фудбалер, донесена е одлука Арнаутовиќ да биде суспендиран на еден натпревар“, одлучи УЕФА.
Европската фудбалска централа назначи етички и дисциплински инспектор да го испита наводниот расен испад на поранешниот играч на Стоук и Вест Хем, кој во моментов игра клупски фудбал во Кина.
Марко Арнаутовиќ беше под истрага на УЕФА по неговиот наводен растистички напад. Тој наводно ја опцул „албанската мајка на Алиоски“.
Инцидентот се случи во 89. минута од натпреварот на Националната арена во Букурешт кога, откако постигна гол за победа од 3-1, Арнаутовиќ, кој има српско потекло, упатил сочни пцовки бранителот Егзон Бејтулаи и Алиоски, кои двајцата имаат албански корени.
Алиоски потоа рече дека не го слушнал добро што зборува Арнаутовиќ, но видео снимките може тоа да го утврдат.