Стил // Совети
„Арс Ламина“ донираше 600 книги во основните училишта во Општина Штип
Во рамките на кампањата за поттикнување на читачките навики „Читањето е супермоќ“, издавачката куќа „Арс Ламина“ донираше 600 изданија во основните училишта во Штип.
По реализацијата на едукативната презентација пред просветните работници од основните училишта во Општина Штип, „Арс Ламина“ донираше по сто книги и едукативни изданија за училишните библиотеки во шест училишта: ООУ „Ванчо Прке“, ООУ „Гоце Делчев“, ООУ „Димитар Влахов“, ООУ „Славејко Арсов“, ООУ „Тошо Арсов“ и ООУ „Страшо Пинџур“ – Карбинци.
На настанот ќе бидат наградени победниците на истоимениот литературен и ликовен конкурс „Читањето е супермоќ“, што беше спроведен во градинките и во основните училишта во целата држава. Децата од градинките учествуваа со ликовни творби на тема „Во светот на приказните“, а учениците од основните училишта со ликовни и литературни творби на тема „Во светот на книгите“.
ПР објава