Спорт // Спорт
Ашковски: Ние сме како семејство, секогаш одиме на победа, па и против Бугарија
- 26 Мај, 2022

Македонската фудбалска репрезентација од денес ги започнува подготовките за претстојните четири средби во јуни во Лигата на Нации – Ц сектор, група 4, гостуваме кај Бугарија (2. јуни) и Гибралтар (6. јуни), а во Скопје доаѓаат Грузија (9. јуни) и Гибралтар (12. јуни).
Стефан Ашковски е оптимист, репрезентацијата е како семејство, а сите средби одиме на победа.
„Бугарија има навистина квалитетна селекција, ќе биде тежок меч на гости, но ние секако одиме на победа. Репрезентација навистина живее како едно големо семејство, веруваме силно во нашиот потенцијал а со селекторот веќе имаме еден начин на работа. Ние на сите нив секако ќе одиме на победа, а што ќе ни донесат натпреварите ќе видиме“ вели Ашковски.