Автентична снимка од погребот на генијот Тесла
Генијалецот Никола Тесла почина сиромашен и во долгови. Во официјалните записи се вели дека смртта се случила на 7 јануари 1943 година во 22:30 часот. Имал 87 години и стотици патенти и пронајдоци кои му донесоа слава, но не и богатство.
Сепак, имало такви кои се сеќавале на големиот научник по неговата смрт.
На погребот на Тесла присуствувале над 2.000 луѓе. Поворката се сливала кон погребната сала на Медисон Авенија, а вклучувала државници, јавни личности, добитници на Нобелова награда, како и стотици обични луѓе кои му е восхитувале на генијот кој им го олесни животот.
- Почина Никола Тесла. Тој почина сиромашен, но беше еден од најкорисните луѓе што некогаш живеел. Она што го создаде е одлично, и како што одминува времето, станува уште поголем- изјавил Фиорело ла Гвардија, тогашен градоначалник на Њујорк
Комеморацијата беше пренесена од Радио Њујорк, а сите водечки весници објавија написи за „заминувањето на генијот“.
Комеморацијата се одржа на 10 јануари во Соборниот храм Св. Јован Богослов во Менхетен. Ковчегот беше покриен со американско и југословенско знаме.
На барање на Тесла за неговиот погреб, музиката го придружуваше. Тој побарал две песни да му бидат отсвирени – Шубертовата композиција „Аве Марија“ и за крај „Таму далеку“.
За ова сведочи звучниот запис што останал сочуван до денес во Њујоршката ахива.