Автомобил кој доаѓа во делови, спакуван во мала кутија

Шведскиот „Luvly“ го претстави концептниот модел наречен „Luvly O“, кој може да се испорача на клиентите во кутија.

Сепак, иако овој микроавтомобил за две лица кој може да достигне максимална брзина од 90 km/h навистина доаѓа во кутии, тоа не значи дека ќе го склопувате дома.

Со вкупна тежина од само 450 килограми, автономија од 100 километри и погон напојуван од две заменливи батерии од 16 килограми, „Luvly O“ е замислен како мал автомобил наменет за секојдневно патување, а може да се испорача на вашата домашна адреса, но сепак мора да се состави во овластен сервис.

Шефот на компанијата Хакан Лук изјави дека инспирацијата за безбедност ја барале од Формула 1, па така „Luvly O“ има каросерија направена од алуминиум обложена со лесна пластична пена.


Сепак, не е познато како тоа ќе функционира, бидејќи спроведувањето тестови не е задолжително за толку мали автомобили, а Лук истакнува дека целата работа ја тестирале со помош на компјутерски симулации.

„Luvly O“, кој се уште е во фаза на тестирање, треба да се најде на пазарот следната година, по цена од околу 10.000 евра.

Извор: Б92