Нејзиниот партнер ѝ купи вила за 1.200.000 евра на Миконос, поради него го промени и името: Немам спонзор, имам сопруг- не грижете се и спијте мирно
Зерина Хеќо еднаш се натпреваруваше во „Задруга“, а по излегувањето од реалното шоу запозна богато момче за кое се омажи
Како што пишуваа тогаш медиумите, Зерина Хеќо наводно од сопругот добила куќа на Миконос вредна вртоглави 1.200.000 евра.
- Долго време не сум видел некој да се сака толку многу како во случајот со Зерина и Карлос. Тој е богат и не штеди кога се во прашање подароците за Зерина, бидејќи искрено ја сака и нема ништо тешко да направи за неа. За роденден ѝ подари часовник „Ролекс“ од кои на светот има само 10, а сега доби вила на Миконос вредна 1.200.000 евра. Поради него Зерина дури и го смени името, па сега ја викаат Атина Зерина Кандола. Како што слушнав во куќата во Атина, тој гради студио каде што ќе снима песни. Прават свадба за која многумина можат само да сонуваат, таа ќе биде во три дела, бидејќи треба да почитуваат три култури - изјави тогаш за „Информер“ извор близок на Зерина Хеќо.
Зерина нормално е многу активна на социјалните мрежи, па често покажува колку е луксузна.
- За сите што се грижат, не грижете се и спијте мирно, немам спонзор, но имам сопруг. Ви благодарам за прекрасните пораки во кои ме навредувате како личност, само не ми е јасно како не знаете да читате име и презиме на нечиј профил и многу сум загрижена за вас. На другите, ви благодарам за вашата љубов. Се надевам мистеријата е решена – напиша Зерина неодамна на Инстаграм.
Да потсетиме, Зерина остана запаметена по врската со Владимир Томовиќ, по која на крајот ја избричи главата, а во 2019-та година имаше и турбулентна врска со пејачот Дадо Глишиќ.
Извор: Блиц.рс