Пред крајот на минатата година, семејството беше во посета на Кина каде игра фудбалерот Душко Тошиќ, сопругот на музичката дива Јелена Карлеуша.
Тогаш тој реши да ја изненади својата сопруга.
Ѝ купи автомобил „Тесла Х“, чија најскапа верзија чини 140.000 евра. Потоа овој ѕвер го донесоа во Србија и пејачката е видена низ улиците на Белград како ужива во овој луксуз на 4 тркала. Суперавтомобилот има фул опрема, кожени седишта, ентериерот е од дрво и поседува најсовремена електроника.