Село од регионот е прогласено за едно од најдобрите во светот

Малата истарска општина Каштелир-Лабинчи има исклучителен меѓународен успех – Светската туристичка организација на Обединетите нации (UNWTO) ја вклучи во листата на најдобри туристички села за 2025 година. Се најде на листата со 52 села од целиот свет, а вестите ги потврди самата општина.
„Во ова петто издание, 52 села од сите региони – Африка, Америка, Азија, Европа и Блискиот Исток – беа признаени, избрани од повеќе од 270 апликации од 65 земји-членки на туризмот на ОН”, објави Светската туристичка организација на ОН.
Церемонијата за доделување на наградите се одржа на 17 октомври во кинескиот град Хуџоу.
Каштелир-Лабинчи влегол во програмата за надградба на најдобрите туристички села на Обединетите нации во 2021 година. Оттогаш, местото поминало низ повеќегодишен процес на развој и менторство под покровителство на Светската туристичка организација при Обединетите нации (UNWTO), кој вклучувал образование, размена на искуства и имплементација на најдобри практики со други дестинации.
Визијата на општината била да се создаде препознатлива дестинација на автентичен рурален туризам, која ги комбинира земјоделството и туристичката понуда и промовира локални вредности и одржлив начин на живот.
foto Instagram
Извор: ФАКТОР