Барди: Азербејџан е силен и квалитетен, ние сакаме победа за поголема самодоверба успешен крај на годината

Македонија утре од 14 часот се среќава со Азербејџан, втора пријателска средба и последна за оваа година.

Бојан Миовски е ослободен од обврските, Алиоски поради приватни причини не е во комбинација за дуелот со Азербејџан, Барди вели дека нема фаворити, но очекува победа.

„ Фаворити во фудбалот денеска нема , на нас е да одиграме максимално добро, ја анализиравме средбата со Финска, треба да ги поправиме малите грешки што ги имавме, се надевам на позитивен резултат со Азербејџан. Противникот е физички силен, ние ќе ги нападнеме, и сакаме да дојдеме до победа за поголема самодоверба и со успех да ја завршиме годината“ рече Барди.