Барди: Не би било лошо пак да бидам ист кога последен пат бев капитен, нека се повтори тоа

Бугарија и Македонија утре (18 часот) го играат мечот од првото коло во Лигата на нации, Капитенот Енис Барди со нетрпение го очекува утрешниот дуел.

Последен пат кога беше капитен, запиша три гола, нека биде така и утре.

„Имаме искуство, подготвени сме да играме паметно и кога сме фаворити. Имаме победнички менталитет, овие натпревари се потешки од претходните од баражот. Важно добро да започнеме. Имаме освежувања во тимот, и физички и психички сме подготвени за предизвикот. Чест ми е што сум капитен, но секогаш на натпреварите сите сме капитени и сите во одредени моменти мораме да дадеме на квалитет. Успехот на репрезентацијата ни е најважен. Последен пат кога бев капитен дадов три гола и не би било лошо да продолжам така“, изјави Барди.