Беа разделени 3 години, ја напушти куќата, па потоа даде крв за неа: Кратка љубовна приказна на Вин Дизел што го топи срцето

Ќе ве воодушеви кога ќе ги дознаете овие детали за неговиот живот

Вин Дизел, еден од најпосакуваните холивудски актери, вчера наполни 57 години. Покрај улогите, во медиумските кругови е познат и по исклучителната дискреција кога е љубовниот живот во прашање. Секако, медиумите успеаја да добијат некои информации, па се шпекулираше за неговите врски со неколку познати жени, меѓу кои Мишел Родригез, Палома Хрбкова, Кармен Електра, Никол Кидман и Асија Арџенто. Сепак, Дизел никогаш не зборувал за неговите врски.

„Најголемата“ љубов во животот ја пронашол во 2007 година кога се заљубил во Палома Хименез, модел од Мексико. Иако никогаш не се венчаа, како резултат на нивната љубов - тие добија три деца: Ханија Рајли, Винсент Синклер и Полин.

Она што многумина не го знаат е дека овој пар еднаш се разделил на три години, а Вин се покажал како исклучителна личност. По разделбата го напуштил нивниот дом за да и обезбеди подобри услови за живот на Палома, продолжувајќи да ги плаќа трошоците и да се грижи за нивната ќерка. 

Во еден немил настан, неговата  партнерка доживеала несреќа додека се враќала од шопинг. Тој во тоа време бил на фотосесија. Кога веста стигнала до него, тој престанал да снима и веднаш отишол во болница. Тој не се оддалечил од неа и ѝ ја дарувал својата крв кога и требала. По закрепнувањето ја обновиле љубовта.

Дизел, како и неговиот приватен живот, ретко зборува за своето семејство во јавноста, придржувајќи се до истиот принцип на тајност како и многу негови колеги како Харисон Форд, Марлон Брандо, Роберт Де Ниро и Ал Пачино. 

Меѓутоа, во последно време тој стана поотворен, а на социјалните мрежи почна да објавува фотографии со своите деца и да споделува интимни моменти од семејниот живот.

Иако неодамна се соочи со обвиненија за сексуална злоупотреба од страна на поранешна асистентка, наводите немаа значително влијание, а Вин накратко прокоментира дека ова е прв пат да слушне за тие наводи.


Фото: Youtube - screenshoot

Извор: најжена