Бегство од коронавирусот и стресот од карантинот и полицискиот час: Капсулата за нирвана

Работата од дома стана реалност во текот на изминатата година, благодарение на пандемијата

Во тој период, ние жонглиравме со нашата работа и другите домашни одговорности, во рамките на нашите четири sида. Многумина не успеаја да се справат со новонастанатата ситуација, па работата од дома стана вистински пекол за нив - премногу работи ги деконцентрираа, не успеаја да најдат тивко место за работа без врева од семејството или едноставно не можеа да ја изгледаат на раат нивната омилена серија...

Сето ова е при крај, благодарение на медитативната капсула, која делува како дар од боговите.

Дизајнирана како портал во сосема поинаков свет, капсулата е создадена како дело на брендот OpenSeed. Оваа компанија верува дека „човечката раса ќе пристапи до повисоки нивоа на свест, не преку развој на надворешна технологија, туку преку внатрешно патување“, а капсулата им овозможува да го сторат токму тоа.

Во капсулата, можете да уживате со скрстени нозе, а исто така можете да поканите пријатели или семејство да ви се придружат за време на релаксирачка сесија. Содржи аудио поставки што ќе ви овозможат да уживате во смирувачки тонови или преку слушалките или преку нејзините скриени звучници. 

Исто така, дел од капсулата се и вентилатори за регулирање на температурата, УВ-светла што се занимаваат со дезинфекција и таблета на допир што ќе ви овозможи да изберете водени сесии и звучни терапии.

Капсулата е изработена од иверица и филц, а моментално е достапна во две варијанти, стандардот чини 25 000 долари и премиум варијантата со напреден комплет за звук 27 000 долари. Можете да ја нарачате преку официјалната веб-страница на брендот.