„Беше љубов на прво слушање, би била среќна доколку оваа песна ве допре и вас на истиот начин на кој ме допре и мене“: Каролина за новата песна (ВИДЕО)

По подолга пауза Каролина Гочева ја објави нејзината нова песна наменета за регионалниот пазар.

„Мог живота део“ е насловот на песната за која е снимен и спот.

„„Мог живота део“ беше љубов на прво слушање.Снимена пред повеќе од една година, спотот нешто брзо после тоа... би била среќна доколку оваа песна ве допре и вас на истиот начин на кој ме допре и мене“, напиша Каролина во објавата.

Музиката и текстот се на Дино Мухаремовиќ, кој беше автор и на нејзиниот последен сингл „Дај на сунце”, додека аранжманот е на Дино Шукало, сараевски студиски музичар и долгогодишен соработник на Каролина.

Песната е снимена во Сараево во студиото на Шукало, додека спотот е дело на Миомир Милиќ.