Беше првата старлета на Југославија: Го заведе Ал Пачино, Бреговиќ лудуваше по неа, а денес изгледа подобро од пред 40 години

Многумина Дијана Беќировиќ ја нарекуваат првата старлета на поранешна Југославија, а таа заведе многу познати мажи

Првата старлета која стана популарна во медиумите во поранешна Југославија е Дијана Беќировиќ, родум од малото село Лукавац кај Тузла. Завршила средно училиште и Факултет за политички науки во Сараево, а потоа се преселила во Италија.

Својата манекенска кариера ја започна како четиринаесетгодишна, а во текот на 1980-тите важеше за се*с бомба на поранешна Југославија.


Оваа Босанка потоа направи завидна меѓународна кариера работејќи како новинар. Таа направи интервјуа со двајца папи, познати спортисти и политичари, а последното интервју наводно ѝ го дал возачот на Формула Аиртон Сена.

Своевремено позираше за магазинот „Старт“, како и за познатиот „Плејбој“, а за неа се зборуваше дека е првата југословенска старлета.

Мажите не можеа да ѝ одолеат на специфичната убавина и шарм на оваа русокоса, и не само локалните - таа заведуваше и големи светски фаци, а најпознати имиња меѓу нив секако се Ал Пачино, Горан Бреговиќ, Здравко Чолиќ, но и Мик Џегер.

„Сите паднаа пред Мајкл Корлеоне, но не и јас. Тој не беше мој тип. Го запознав Ал Пачино кога го снимаше „Кум“ со Френсис Форд Копола. Излеговме, но тој секогаш беше напнат и секогаш параноичен за папараците. Редовно во страв да не го фатат. Моја задача е од мажот да направам маж, а негова да ме направи жена. Не го чувствував тоа за Пачино, туку само неговото зовриено его“, изјави еднаш Дијана за Avaz.ba.

Арнолд Шварценегер отворено ѝ се додворувал, а таа еднаш изјави дека е обвинета за распадот на групата „Бјело дугме“.


„Живеев во Милано и се дружев со Владо Правдиќ, клавијатуристот на „дугмињата“. Тој беше заљубен во мене, но одеднаш се појави Горан Бреговиќ. А кога Горан нешто сака, го добива. И тогаш почна конфликтот меѓу двајцата членови на бендот. А ме украде ли Горан од Владо? Па, да“, откри таа еднаш.


Таа, исто така, се присети дека Ники Лауда се тепал поради неа, ѝ се додворувале Род Стјуарт и Кевин Костнер и разговарала со папата Павле Втори иако била „пијана и во мини здолниште“.

Дијана денес има 60 години и долго време живее во Лос Анџелес. Дипломирала и на Американскиот филмски институт и работела како продуцент на некои холивудски филмови.


Фото: Инстаграм - diananiven