Беше во брак 31 година, а потоа сè се распадна: 34 години помлада девојка го врати во живот

Мел Гибсон неодамна беше забележан пред ресторан во Малибу во друштво на својата поубава половина.

Папараците го сликаа познатиот актер со 34 години помлада девојка, а судејќи по фотографиите, парот не очекувал дека тоа толку брзо ќе стигне до медиумите.

Мел за таа пригода се одлучил за многу лежерно издание, а Розалинд Рос избрала беж панталони и обична маичка, а целото издание го комплетирала со едноставни црни панталони.

Инаку, Мел и Розалинд се запознале кога таа имала 24 години, поточно кога работела на проект на компанијата Гибсон. Таа била ангажирана да го напише сценариото и токму тој момент довел до емотивна врска.

Круна на нивната љубов е синот по име Ларс, а Гибсон често во своите интервјуа истакнува колку ја обожава својата девојка.

„Ние си се допаѓаме. Таа е возрасна. Тоа може да биде проблем, но работите функционираат одлично за нас. Таа е посебна личност, навистина ми се допаѓа. Тоа е тоа, што друго да побарам?“, рече тој во една прилика.

Гибсон има седум деца од првиот брак со Робин Мур кој траеше 31 година, а има уште едно со поранешната девојка Оксана Григориева со која имаше бурна врска.

Се чини дека конечно ја најде среќата покрај 34 години помладата Розалинд.


Фото: Youtube - screenshoot/Инстаграм