Беспрекорни чевли за мажи со истенчен вкус
Бендот „Армори“ успева да ги воодушеви сите од машкиот пол со класични модни парчиња, како што се сакоаод твид. Нивната посветеност да создадат модерен денди стил ги направи уникатни.
Еден од уметниците кои работат со нив е Фукуда, чевлар што создава и облека по нерка.По серијата успешни ревии и бројните задоволни клиенти, брендот го ангажираше да ја создаде целата колекција за нив и тоа за прв пат.
Силуетата на чевлите што ја создаде Фукуда е инспирирана од ретро парчиња што Марк Чо, еден од основачите на брендот ги пронајде во подрумот. Фукуда ги претвори во модерни чевли со малку зашилен врв, кои се елегантни, но не премногу формални.
Се разбира, најдобрата луксузна кожа беше искористена за да се направат овие чевли, а тие се достапни во нијанси од црвена па се до боја на чоколадо.Секое парче од оваа линија е направено во Англија, а оние што се запознати со класичната машка мода знаат дека токму таму потекнуваат најдобрите чевли. Мора да признаеме дека оваа колекција е идеална за мажи кои сакаат да изгледаат елегантни, каде и да одат.