„Би сакал да се врати Југославија“: По наводите за труење, Ѓоковиќ е за обединување

Експертите се сомневаат во тврдењата на Новак Ѓоковиќ дека бил отруен со храна додека бил приведен во имиграциски хотел пред Отвореното првенство на Австралија во 2022, кога не му беше дозволен влез во земјата зашто не беше вакциниран против ковид-19.

Ѓоковиќ тогаш пет дена престојуваше во хотел во Мелбурн, пред да биде депортиран од земјата откако му беше поништена визата. Тој пред неколку дена кажа дека се уште има трауми од ова искуство и се стресува секој пат кога ќе слета во Австралија.

„Сфатив дека во тој хотел во Мелбурн ме хранеа со нешто од што добив труење. Ова досега не сум го кажал јавно, но кога се вратив во Србија имав многу високо ниво на тешки метали во организмот. Имав многу високо ниво на олово и жива“, изјави Ѓоковиќ за списанието „Џеј-Кју“.

Австралиските власти одбија да го коментираат ова, додека Дамијан Магања од Институтот за глобално здравје „Џорџ“ вели дека ова се луди обвинувања.

„Можно е, но малку веројатно, имајќи предвид колку долго беше притворен. Иако овие јадења веројатно се прават во големи количини, колку што знам нема други извештаи за труење од тој период“, кажа Магања.

Барбара Кардосо, биохемичарка од Универзитетот Монаш, кажа дека во Австралија има многу мала изложеност на олово и жива откако биле преземени мерки за исфрлање на оловото од боите, бензините и водоводните цевки.

„Живата ја има во некоја храна, во најголема концентрација ја има во риби и школки, но Ѓоковиќ вели дека е на веганска исхрана“, кажа Кардосо.

По доаѓањето во Мелбурн, Ѓоковиќ кажа дека сака да се фокусира на тенисот.

„Тоа интервју го дадов пред многу месеци, не би сакал веќе да зборам за тоа, туку исклучиво за тенис“, кажа српскиот тенисер по доаѓањето во Мелбурн.

А, а еве што изјави деновиве во пресрет на стартот на АО во Мелбурн:

Во моите најлуди соништа би сакал да се врати Југославија. Тоа за мене би било идеално сценарио. Би кажал перфектно сценарио. Зошто да не? Сите ние на овие простори говориме на ист или сличен јазик и перфектно се разбираме. Јасно е дека храната, музиката, игрите, тоа ти е исто. Иксрено јас би сакал, ама реално тоа не е можно повторно да бидеме иста земја. Но…“ посочи српскиот тенисер.