Бидете „најдобар стрелец“ за време на спортското лето со 8K на Samsung

Имерсивното искуство на гледање во 8K резолуција на Samsung засилено со вештачка интелигенција значи дека обожавателите ширум светот можат да го искористат максимумот од овогодинешното спортско лето во своите домови...

Ова лето треба да биде спектакл за љубителите на спортот ширум светот. Со големите спортски настани што се одржуваат, вклучително и долгоочекуваното Европско фудбалско првенство, сега е најдобриот момент да го надградите телевизорот во вашиот дом. Обезбедувајќи подобрено искуство за гледање со 8Kрезолуција, функциите со AI на најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung може да го вивнат овогодинешното фудбалско лето до нови височини - нешто што е најблиску до седиштата на стадионот.

Гледачите можат навистина да уживаат во големата игра со 85-инчниот телевизор NQ8K – екранот со супер-големина од 85 инчи е идеален за оние кои сакаат да бидат домаќини на врвниот спортски календар во домашни услови. Достапни на новите Samsung 8K телевизори, вклучувајќи го водечкиот Neo QLED 8K, функциите 8K AI Upscaling Pro и Motion Enhancer Pro работат заедно за да обезбедат исклучителна јасност со изострување на содржината со ниска резолуција и минимизирање на изобличувањето и заматувањето на топката - за да не пропуштите ниту момент од акцијата.

Исто така, звуците на стадионот можете да ги внесете во вашиот животен простор со Object Tracking Sound Pro. Користејќи ја технологијата за вештачка интелигенција, звукот се движи истовремено со дејството, овозможувајќи поголема извонредност во секој детал, од сите агли на телевизорот – без разлика дали се работи за славење победнички гол или неизвесност на нервозната публика која чека изведување пенали, вие можете да слушнете сè од секој агол.

Бенџамин Браун (Benjamin Braun), главниот маркетинг директор на Samsung Европа, коментираше: „Нашата најнова линија на телевизори со 8K и засилени со вештачка интелигенција, е совршен додаток во домот на секој спортски обожавател пред големото спортско лето – со исклучителна визуелна јасност и реалистична извонредност на звукот. Со мноштво сезонски промоции достапни на Samsung.com, сега е најдобриот момент да го надградите гледањето ТВ во домашни услови и да уживате во нашето најдобро искуство со големите игри на екранот“.

Samsung ги повикува сите љубители на спортот да ги проверат специјалните промоции во продавниците и на веб-страниците на партнерите за малопродажба и да се подготвуваат за возбудливо лето исполнето со спортски настани. За повеќе информации за најновите иновации на Samsung со вештачка интелигенција во 8К резолуција и за да ги проверите најновите зделки за ТВ и аудио уреди, посетете http://news.samsung.com/mk/.

За Samsung Electronics

Samsung го инспирира светот и ја обликува иднината со трансформативни идеи и технологии. Компанијата го редефинира светот на телевизорите, паметните телефони, носивите уреди, таблетите, апаратите за домаќинство, мрежните системи и меморија, LSI системите, полуспроводниците и LED решенија и обезбедува беспрекорно поврзано искуство низ својот SmartThings екосистем и отворената соработка со партнерите. Најнови вести на Samsung Newsroom: http://news.samsung.com/mk/.

ПР објава