Боба Живојиновиќ за неговата кариера: Јадев половина јагне, а потоа излегував на терен ...
Фото: Инстаграм/bobazivojinovic
Слободан Боба Живојиновиќ
(57) беше еден од најдобрите тенисери од поранешна Југославија. Живописен лик, неизмерно забавен на теренот
и надвор од него, тој се потсети
на некои детали од неговата богата и успешна кариера.
Еден од најимпресивните спортисти во своето време, одличен на тениските терени, но и надвор од нив. Слободан Боба Живојиновиќ некогаш беше еден од најпопуларните спортисти во поранешна Југославија, во 1991 година големиот заводник се ожени со Фахрета Јахиќ попозната како Лепа Брена, можеби најголемата пејачка sвезда во поранешната СФРЈ држава.
Денес е попознат како ‘сопруг на Брена’, но неговата тениска кариера беше многу успешна. Во негово интервју за Vice, Живојиновиќ се присети на мечот со Џон Мекинро на Австралија опен во 1985 година и на легендарната сцена што го обиколи светот.
„Мекинро е многу интелигентен, кога почувствува дека го имам и дека го земам натпреварот во свои раце, тој реши да ме деконцентрира. Отиде кај судијата, протестираше, се расправаше со него ... Не сакав да бидам дел од неговата игра“, започна Боба и продолжи:
„Го напуштив теренот, зедов сендвич за да уживам. Одлично поминав, добивам стол, седнувам и ги кревам нозете ... Бев гладен, игравме долго време. Еден Австралиец од публиката сакаше да ми даде шампањ, да се напијам ... Му се заблагодарив, морав некако да го продолжам натпреварот ... Неверојатно е колку аплауз и енергија добив од трибините во тие моменти. А Мекинро само се чудеше. Кога се вративме на теренот, тој само ми рече: Ќе ми платиш за ова!“
Но, приказната не завршува тука.
„Па, тогаш отидов кај судијата и му реков дека Мекенро ми се заканува. Таму тој целосно распука и го загуби тој натпревар. Тој не се појави на прес-конференцијата подоцна, па беше суспендиран на три месеци“, раскажа со насмевка Живојиновиќ.
Во својата 11-годишна професионална кариера, Живојиновиќ стигна само до 19-тото место на АТП-ранг-листата. Сигурно вредеше многу повеќе, но здравиот, спортски живот не беше негова силна страна.
„Се придржував колку што можев (се смее). Се шегувам ... Јас јадев половина јагне и излегував на терен. Мислев, ако јадам добро, ќе играм добро ... Сега спортот е сосема поинаков свет. Па, бев познат по тоа што излегов на терен со сендвич, па јадев малку, тренирав малку. Така се загреав. За жал, којзнае како би било кога би имал некој да ме води. Живеев во верување: 'Ако јадете бифтек, ќе бидете силни!'“, признава Боба Живојиновиќ.
Тој потсети дека во 1985 година, на натпреварот во Дејвис купот против Австралија, кој се играше во Сплит, Горан Иванишевиќ ги собирал топките за него. Но, подоцна, Живојиновиќ беше еден од оние кои многу му помогнаа на победникот на Вимблдон на почетокот на кариерата и го насочија кон професионален тенис.
Живојиновиќ се уште е поврзан со Хрватска, тој е голем пријател на Бруно Орешар, а добар дел од неговата работа е стациониран таму, тој претпочита да го помине одморот со семејството токму на Хрватското крајбрежје ...