Бобан Илиоски освои златен медал на Европското кикбокс првенство во Атина

Македонскиот кикбоксер Бобан Илиоски освои златен медал на Европското сениороско првенство во Атина, откако во финалето го победи Ерик Ниевегловски од Полска.

Во финалето во категоријата лоу кик до 86 килограми, Илиоски со 2-1 го совлада противникот.

Македонскиот кикбоксер се пласираше во финалето откако вчера со нокаут пред крајот на првата рунда беше убедливо подобар од грчкиот репрезентативец Христос Филис.

Нашата земја од Европското кикбокс првенство во Атина се враќа со два медали, со златниот на Илиоски и со бронзениот на Стефан Михајловски во категоријата кик лајт над 94 килограми.

Европското кикбокс првенство во Атина почна во неделата со свечено отворање, а завршува утре, а учествуваат 982 натпреварувачи со 1.133 натпреварувачи влеза од 41 држава.

Македонската репрезентација учествуваше со петмина кикбоксери во машка и женска конкуренција, ја предводи претседателот на Кикбокс Маитаи федерацијата Дејан Митровски, а во составот се Бобан Илиоски, Стефан Михајловски, Митко Ашкилов, Леа Бошевска и Андреа Костовска, тренерот Драган Атанасовски, како и Ирена Митровска од Федерацијата.