Бобан Николов: Ќе се фокусираме на нас и нашата игра, така можеме до победа против Бугарија
Македонската фудбалска репрезентација се подготвува за новата сезона во Лигата на Нации, прв предизвик е Бугарија на гости.
Бобан Николов ја прифаќа фаворитската улога на Македонија во групата, не бегаме од тоа, сакаме повторно до настап на големо натпреварување.
„Дојдовме да одиграме максимално, иако е тешко за 10 дена да се одиграат четири натпревари тоа е катастрофа, но такви се правилата. Се фокусираме на Бугарија, не бегаме од фаворитската улога, сакаме повторно да одиме на големо натпреварување. Новите играчи кои се во репрезентацијата се одлични, и како играчи и како личности, и очекувам да ни помогнат многу. Ние треба да се фокусираме на нас, ако одиграме како што ние знаеме, ќе победиме“ – рече Николов.
https://www.youtube.com/watch?v=GQgmPwr0phc