Боби Андонов: Македонецот од детска Евровизија до светска слава

Tокму тој и го донесе петото место на Македонија со песната „Прати ми СМС“  во 2008 година, на детската Евровизија во Кипар.

Но Боби Андонов не запре тука. Сега е светски вокал. Одредено време живееше во Австралија, а потоа се пресели во Лос Аџелес.

Неговата кариера доживеа голем подем по учеството на австралискиот „Гот Талент“.  И токму тоа му ги отвори вратите за уште поголем планетарен успех. Потпиша договор со неколку познати дискографски куќи, а тоа значеше и осигурана слава.

Многу е популарен, постојано има настапи, а бројните обожаватели „паѓаат“ на неговата боја на глас, на неговиот изглед и неговите песни „Smoke“, „Faithful„, „Apartment“... 

Има 24 години, го живее својот музички сон и се надеваме дека ќе го видиме наскоро во Македонија со концерт.