Богатите паднаа на колена: Најлуксузниот приватен авион
Новиот Боинг 787-8 на кинеската група за авијација HNА е подготвен за своето деби. Нудејќи супериорно искуство во повеќе од 250 м2 простор за дури 39 патници, BBJ 787 има опсег од скоро 9.800 милји, дури и кога е натоварен со патници, гориво и багаж.
Менаџментот на авијацијата „Kestrel“ го надгледуваше создавањето на оваа летачка палата. Извршниот директор на компанијата, Стивен Вела, едвај го дочека крајот на проектот и фазата на тестирање, за да може да се пофали пред медиумите со својот нов авион што може да патува буквално во која било точка на нашата планета.
Бројни 787 модели се претворија од патнички во приватни авиони во минатото, но ова е првиот Dreamliner кој е изграден специјално како авион на компанијата „Boeing Business“, пренесува Вела. Фотографиите од ентериерот на овој авион воопшто не изгледаат како фотографии од „обичен“ приватен авион, тие повеќе потсетуваат на апартман во хотел со пет ѕвезди.
Вела, исто така откри дека „Kestral“, во соработка со своите партнери Pierrejean Design Studios и Greenpoint Technologies, требало да го дизајнира ентериерот на авионите од почеток до крај. Работата на ентериерот траела околу една година, при што за производство и инсталација вкупно биле потребни година и половина.
Гостинската кабина има 18 места што се претвораат во кревети со целосна должина, со посебна површина за персоналот зад кабината.
Стандардниот Боинг 787-8 за употреба на патници чини 224,6 милиони долари, а сигурни сме дека оваа далеку понапредна верзија ќе чини многу, многу повеќе.