Случајно пронашол монети, а потоа сфатил од кое време потекнуваат: Кога прочитал што пишува на нив — паднал како покосен

Повеќе од 30.000 бронзени монети кои датираат од четвртиот век пред нашата ера се пронајдени кај брегот на Сардинија — едно од најзначајните нумизматички откритија во последните години.

Монетите ги пронашол нуркач кој во плитките води кај градот Арзаќена забележал „парчиња метал“, а подоцна се испоставило дека станува збор за фолиси — римски бронзени или бакарни монети кои по поделбата на Рим биле користени и како валута во Византија, пренесе CNN.

Според нивната вкупна тежина, италијанското Министерство за култура соопшти дека се пронајдени меѓу 30.000 и 50.000 монети и дека сите се „исклучително добро сочувани“. Само четири монети се оштетени, но и тие се читливи.

Монетите датираат од периодот помеѓу 324 и 340 година пред нашата ера и биле изработувани во ковници ширум Римското Царство.

Министерството за култура соопшти дека локацијата каде што се пронајдени монетите теоретски би можела да крие и остатоци од брод, бидејќи во близина биле најдени и ѕидови од амфори африканско и источномедитеранско потекло — високи римски или грчки грниња со тесно грло и две рачки.

Извор /Принтскрин ТикТок