Бора Чорба лежи во болницата во која се лекувал и Тито: Животот на рокерот сѐ уште е загрозен

Легендарниот рокер Бора Ѓорѓевиќ Чорба поради лошата здравствена состојба е примен во Клиничкиот центар во Словенија каде е приклучен на респиратор.

Според информациите, состојбата на Бора сѐ уште е сериозна, а лекарите се борат за неговиот живот.

Инаку, болницата во која лежи Бора е една од најдобрите во Словенија, а своевремено таму се лекуваше и претседателот на СФРЈ и Сојузот на комунистите на Југославија, Јосип Броз Тито.

„Операцијата не е можна“

- Состојбата на Бора Ѓорѓевиќ се влоши, добива висок кислород и не може да се изврши никаква операција - изјави вчера Бане Обрадовиќ.

- Третиот ден исто. Интубиран. Во болница е. Нема промени – изјави Бане менаџерот на Бора српски медиуми.

„Лекарите му забранија да патува“

Инаку, на официјалната Фејсбук страница на групата „Рибља чорба“ беше објавено соопштение за неговата здравствена состојба.

- Драги пријатели, поради нарушено здравје, лекарите му забранија на Бора Ѓорѓевиќ да патува и да се напрега поради тешка пневмонија како и влошување на состојбата со хронична опструктивна болест на белите дробови. Секако, како и секогаш, ќе ги победиме болестите и штом Бора се опорави, ќе се видиме на нови собири – пишуваше на споменатата мрежа.


Фото Maшки магазин:Вангел Тануровски