BOSS, The Scent дава
поинтензивна интерпретација на првиот Hugo Boss парфем. Изработен од
мајсторот парфимер Паскал Гаурин, (кој исто така работеше и на оригиналниот мирис) моќно и заводливо ново издание кое ги
разгорува сетилата и остава траен впечаток на топла кожа и дрвени основни ноти.
Отворајќи се со стимулативна доза на масло од ѓумбир, лимон и артемизија, мирисот открива сензуално ретки овошни ноти. Елеганцијата на оваа препознатлива состојка е дополнително збогатена со додавање на мек и кадифен акорд на ирис и ароматична чиста жалфија.
Длабоко машкиот кожен акорд во основата на парфемот се среќава со бел мошус; неоспорно машки еликсир кој се дефинира со неговата харизма и самодоверба.
Извор: gq-magazine
Фото: fragrantica