Вилма Трајковска- поранешната Прва дама на Македонија и денес стилски изгледа одлично
И денес исто како на врмето, таа остана доследна на својот концизен, класичен и елегантен стил. Вилма Трајковска, сопругата на починатиот претседател на Македонија, Борис Трајковски е основач на ВИТРА, непрофитна и невладина фондација формирана во 2001-та година со цел да ја афирмира жената и нејзината улога за сестран развој на општеството. Таа исто така е основач на меѓународната фондација „Борис Трајковски“.
Активна е иако малку повлечена од јавноста. Но секогаш кога ќе се појави остава впечаток.
Кога беше Прва дама беше и покрупна, но знаеше што да одбере за државните должности, на патувањата и пред јавноста. Класиката тогаш ја надополнуваше со бисерни гердани усогласени со дводели костими, претежно еднобојни и смирени.
Сега стилот и е подигнат за неколку нивоа повисоко. Изгледа отмено и токму според годините. Ослабена е, па уште подобро ѝ стои облеката. Најчесто може да се забележи во парчиња со црна боја. Бисерите и герданите останаа како нејзин заштитен знак. Смирениот стил знае да го надополни и со марами или шалови, а бојата на косата и е погодена токму спрема нејзниот лик.
Скромна дама која едноставно во едноставноста се чувстува најубаво.