Мирисот на слободата: Единствениот Y на Ив Сен Лоран

Сосема „цврст“ машки мирис од познатата француска куќа Ив Сен Лоран. Се вика едноставно „Y“. Еве како го опишуваат креаторите.

Креативец. Творец. Создавач. Y, нов мирис за мажи. Мирисот на слободата, мирисот на соништата, за оние кои се осмелуваат и оние кои живеат да ги исполнат своите соништа. Y не е за човек, туку за генерација на мажи кои се креативни и преземаат чекори да ја следат својата страст, кои ја следат својата интуиција и си поставуваат вистински прашања. Y е мирисот на слободата да ги живеете вашите соништа, Y е мирисот што движи, Y е одговорот на потребата за реализација. Се започнува со прашањето „Зошто?“ („Why?“)

Врвни ноти: бергамот, ѓумбир

Средни ноти: здравец, жалфија, листови од љубичица

Крајни ноти: кедар, мошус, терен, темјан