Бред Пит од стоматолошката ординација излезе во инвалидска количка: Што се случи?
Фото: Profimedia
Бред Пит во инвалидска количка го туркаше болничар, а фановите се
прашуваат што се случило ...
Најголемата холивудска sвезда Бред Пит (57) беше фотографиран додека излегуваше од здравствениот дом во Беверли Хилс во инвалидска количка, откако таму закажа состанок со стоматолог.
Имено, Бред во инвалидска количка го туркаше болничар, а по тој повод актерот носеше црна јакна со качулка, сиви панталони и бели патики.
Тој беше скоро непрепознатлив бидејќи на лицето имаше заштитна маска, очила за сонце и качулка на главата.
Ѕвездата на филмот „Некогаш во Холивуд“ најверојатно мораше да ја напушти институцијата во инвалидска количка поради долгорочната политика на болницата со цел да ја избегне нивната одговорност доколку пациентот е повреден напуштајќи ја канцеларијата под анестезија или лекови.
Не е познато што точно направил Бред Пит со забите, а обожавателите шпекулираат дека тој можеби заминал на малку посериозно чистење и средување на забите пред годинашните Оскари, што ќе се одржат на 25 април.
Имено, веќе е познато дека тој ќе ја води церемонијата со уште тројца негови колеги - Рис Витерспун, Хали Бери и Харисон Форд, а најверните фанови му посакуваат сè најдобро во новата главна улога.
„Што се случи со Бред?“, „Ах не, се надевам дека не е повреден“, „Зошто излегува од стоматолошката ординација во инвалидска количка?“, „Се надевам дека е добро“, беа коментарите на обожавателите откако ги видоа новите слики на Бред.
Фото: Profimedia