Бред Пит во најмодерната јакна оваа сезона ги воодушеви дамите: Боите „врескаат“ на него, а тој изгледа бомбастично
Фото: MEGA/ The Mega AgencyFoto:Profimedia
Поради улогите, но и прашањата за неговата несекојдневна убавина, модниот стил на Бред Пит со години е на втор план. А актерот секогаш е еден од најдобро облечените мажи во светот.
Бред Пит не се двоумеше да експериментира на полето на модата, па минатата година го популаризираше здолништето како хит парче облека за мажи, кое се вкорени како своевиден тренд.
А исто така ги следи трендовите и многу од нив ги започнува самиот. Неговото ново модно издание е пример за одличен спортски кежуал стил.
Пит не згреши со ниту еден детаљ, а си стави многу на себе и навистина си поигра со боите. На него гледаме одличен модел на фармерки, спортска маичка, спортско-елегантна кошула, а пред се најмодерната јакна сезонава во светло портокалов тон.
Белите патики го „омекнаа“ колоритниот аутфит, зелената капа и обоените очила за сонце беа одличен финиш детаљ исто како и чантата која внесуваше допир на лежерност.
Најважно е што актерот си најде моден стил кој најмногу му прилега, доколку тоа не се случеше, ниту еден тренд немаше да помогне.
Фото: Профимедиа