Брегалница донесе репрезентативец од Уганда, Халид Лвалива нов играч во одбраната
Повеќе од квалитетно засилување на Брегалница за продолжението од сезоната во Првата македонска фудбалска лига со доведувањето на репрезентативецот на Уганда, Халид Лвалива.
26-годишниот Лвалива е најновото име во редовите на „сините“ кој ќе ја засили централната дефанзивна позиција.
Лвалива доаѓа од најдобриот клуб во Уганда, шампионот Виперс, каде беше капитен изминативе пет сезони а е незаменлив капитен и на репрезентацијата на Уганда за која од 2019 година има 22 официјални настапи. Со Виперс бил и постојан учесник и во Купот на африканските шампиони.
Низ досегашниот преоден рок Брегалница претходно се засили и со левокрилниот дефанзивец Себастијан Херера, досегашниот фудбалер од средниот ред на Академија Пандев, Адис Хаџановиќ од БиХ, Белгиецот Фајсел Касми, поранешниот македонски репрезентативец Горан Силјановски, долгогодишниот капитен на Борец, фудбалерот од средниот ред Ѓорѓи Ѓорѓиев, левокрилниот дефанзивец Александер Борха Кордоба, централниот дефанзивец Александар Ристевски, младинскиот репрезентативец Иван Николов, хрватскиот напаѓач Патрик Џалто, како и црногорскиот голман Немања Шчекиќ.