Будуќност го отпушти тренерот Јовановиќ по поразот од Борац кој го врати МЗТ Скопје во АБА 2

МЗТ Скопје ќе игра во АБА 2 лигата  откако Борац Чачак славеше како гостин против Будуќност со 85:87 што претставува големо изненадување.

Будуќност имаше последен напад,  при резултат 85:86 имаше можност да победи но непрецизен беше   Бел-Хејнс.

Поразот од Борац Чачак го чинеше отказ тренерот на Будуќност, Владимир Јовановиќ потврдија од клубот.