Бугарски сквотови – најдобра вежба за долниот дел од телото (ВИДЕО)
Доколку имате потешкотии со правилно вежбање и зајакнување на долниот дел од телото, тогаш бугарските сквотови се вистинската вежба за вас...
Еве една одлична вежба која многумина ја сметаат за најдобра вежба за долниот дел од телото, а ќе видите зошто. Со помош на бугарски чучњеви правилно ќе ги активирате мускулите на долниот дел од телото. Оваа вежба не е многу лесна, па по неколку повторувања ќе се чувствувате уморни.
Направете ја вежбата со грб свртен кон клупа или некоја подигната површина. Свиткајте ја ногата во коленото и потпрете ја на клупата зад вас. Вашите прсти треба да ја допираат клупата така што петата да ви биде насочена кон таванот (небото). Откако ќе се наместите во оваа позиција, спуштете се во сквотот со раширени раце, држете се за момент, а потоа вратете се на почетната позиција. Направете десет повторувања, а потоа сменете ја ногата.
По краток временски период, ќе видите дека целиот долен дел од телото работи и се заморува. Оваа вежба е навистина одлична варијација на редовни сквотови која ќе ви помогне да ги активирате мускулите на долниот дел од телото на подобар и посилен начин.
Ако сеуште не сте ги совладале редовните чучњеви, тогаш нема потреба да ја правите оваа вежба, но ако правите редовни чучњеви од шега, тогаш обидете се со бугарски чучњеви.
Кога доволно ќе го тренирате телото за да не ве оптоварат дури и бугарските чучњеви, тогаш земете ги теговите и продолжете да работите. На овој начин дополнително ќе го оптоварите вашето тело.