(ВИДЕО) Центрифуга: Перење на мозокот

Според најновите истражувања, на невронаучниците, бранови на цереброспинална течност течат низ нашите мозоци ноќе, пулсирајќи ритмички додека спиеме и отстранувајќи ги штетните токсини.

Така, според научниците нашето тело го мие мозокот секоја вечер.


Цереброспиналната течност го исполнува просторот околу мозокот и ‘рбетниот мозок и ги штити од директен контакт со черепот околу мозокот.

Невронаучникот Лора Луси од Бостонскиот универзитет вели дека научниците веќе некое време знаеле дека има необични бранови на електрична активност кај невроните, но дека дури сега забележале бранови во цереброспиналната течност.