Часовник на неделата: Tissot Т-RACE е избор за секој џентлмен моторџија
Слобода, отворен пат и посветеност: Tissot Т-RACE е часовник по избор за секој џентлмен моторџија. Tissot најде инспирација во духот на спортот за да произведе часовници кои ја рефлектираат динамичната природа на самите мотоцикли и емоциите на спортот.
Мотоциклите се повеќе од превозно средство. Тие се начин на живот - а моторџиите можат да ја покажат таа припадност и страст со колекцијата T-Race.
Проѕирната обвивка е прозорец кон отчукувањата на срцето на прецизното производство на часовници: опремен со Powermatic 80 со балансна пружина Nivachron, T-Race Automatic го редефинира она што е можно на патот.
Рамката и заштитникот на круната се инспирирани од дискот на сопирачките и неговиот дебеломер.
Прифатете го искуството во возењето кое беспрекорно ги спојува страста и иновациите во моторспортот.
Tissot Т-RACE е часовник со дијаметар од 41 милиметар, материјалот на куќиштето е направено од 316 L челик со PVD, има силиконско ремче,механизмот е автоматик, резервата на енергијата е 80 часа, стаклото е сафирно и антирефлексно, водоотпорност до 10 бари.
Кликнете на фотографиите за повеќе информации.
Овој и уште многу други часовници ќе ги пронајдете во продавниците на Божиновски, или он лајн на нивната веб страна.